Ердоган ќе побара оставки од уште седум градоначалници од неговата партија

38

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган планира да побара оставки од уште седум градоначалници од неговата АКП партија, најавува телевизијата Си-ен-ен Турк.

Градоначалниците на некои од најголемите турски градови, како Истанбул, Анкара и Бурса, поднесоа оставки во изминатиот месец, откако Ердоган најави „подмладување“ на партијата.

Од околу 1.400 општини и окрузи во Турција, 800 се предводени од функционери избрани од редовите на АКП.