Ердоган смета дека е можно да се отвори коридор за извоз на жито од Украина

35

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во разговор со американскиот претседател Џозеф Бајден изјави дека верува во отворање коридор за извоз на украинско жито на светските пазари.

За време на средбата со Бајден на маргините на самитот на НАТО, Ердоган рече дека се обидува да го реши процесот со „политика на балансирање“.

„Се надеваме дека оваа политика на рамнотежа ќе доведе до резултати и ќе овозможи што е можно поскоро извоз на жито преку коридори во земјите кои во моментов се соочуваат со недостиг“, рече тој.

Турција одигра централна улога во преговорите со Русија и Украина во обид да се постигне договор што ќе овозможи зголемување на количината на жито што може да се извезе од Украина во екот на конфликтот.
За време на средбата, Бајден го поздрави Ердоган што се откажа од противењето на Финска и Шведска да влезат во НАТО и за „неверојатната работа што ја прави во обидот да се извезе жито од Украина“.