Во Сараево денеска се одржува свадбата на годината на која кум е лично турскиот престедател Реџеп Таип Ердоган. Се мажи ќерката на босанскиот политичар Бакир Изетбеговиќ, внука на поранешниот претседател Алија Изетбеговиќ, Јасмина за нејзиниот избраник Ќамил Хумачкиќ.
Младенците денеска обавиле шеријатска венчавка во Беговата џамија во Сараево, а вечерва следува граѓанската венчавка и забавата од нешто повеќе од половина милион евра.
Сараевските медиуми ги објавија деталите за венчавката на која главен гостин е турскиот претседател Ердоган со семејството кој е венчален кум на младенците.
Босанските медиуми објавија дека Јасмина и Ќемил на свадбената веселба ќе имаат околу 250 гости кои пред влезот во хотелот во кој се одржува забавата, ќе мора да ги остават мобилните телефони. Поканите се чипирани и нокој освен поканетите не може да влезе на прославата.
Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган на свадбата во Сараево е со сопругата Емине, синот Билал и снаата Рејхан. Билал и Рејхан се долгогодишни пријатели со Јасмина Изетбеговиќ.
фото:Avaz.ba