Урсула фон дер Лајен, германската министерка за одбрана која беше предложена за иден претседател на Европската комисија, денеска треба да се сретне со лидерите на политичките групи во Европскиот Парламент, јавуваат сигурни извори од парламентот.

Агенциите јавуваат дека денеска или утре се очекува раководството на ЕП да одлучи дали гласањето за предлогот Дер Лајен да биде прв човек на ЕК да го стави во дневниот ред од сесијата на највисокото тело.

Доколку се одлучи да се почека, предлогот тогаш пред европратениците најрано ќе може да дојде во септември.

Засега не се знае како ќе гласаат водечките парламентарни групи, недостига и програма за раководењето на Лајен, забележа изворите од парламентот.

Во текот на денот планирано е Лајен да даде изјава, во која се очекува да ги отслика своите цели како прв човек на Комисијата. Групата на зелените во ЕП планираат на  отворено сослушување да ја стават на испит нејзината подготвеност да ја предводи Комисијата.

ЕК под претседателството на Жан-Клод Јункер има надлежности да работи до 1 ноември. Доколку дотогаш не се избере следното раководство на ЕК, актуелните еврокомесари можат да останат на работа до завршувањето на процедурите. ЕП може да ја отфрли Лајен и тогаш Европскиот совет ќе има рок од еден месец да даде нов предлог за шеф на Комисијата.