Ен Хеч нема да преживее – се огласи семејството со трогателна објава: „Таа сакаше да ги донира органите“

347
Фото: Access screenshot

Пред неколку дена Ен Хеч имаше тешка сообраќајна несреќа. Холивудската актерка во алкохолизирана состојба удрила во куќа, а автомобилот во кој се наоѓала потоа се запалил.

Таа била извлечена од возилото со видливи изгореници на грбот, а лекарите се бореле за нејзиниот живот. Иако подоцна беше објавено дека е во стабилна состојба, Ен набрзо паднала во кома.

Сега нејзиното семејство излезе со потресна објава.

“За жал, Ен Хеч се здоби со тешки повреди на мозокот и се уште е во кома, во критична состојба. Не се очекува да преживее. Нејзиниот избор долго време беше да ги донира своите органи, а сега е на апарати за одржување во живот додека не се утврди дали може да се донира некој од органите“, стои во официјалното соопштение на семејството на познатата актерка.