Ентони Дејвис е летен приоритет

15

Иако екипата на Лос Анџелес Лејкерс не успеа да го ангажира Ентони Дејвис во текот на зимата, сепак, амбициите за негов трејд во редовите на „езерџиите“ ќе продолжат и понатаму. Од „Градот на ангелите“ испратија многубројни понуди на адреса на Њу Орлеанс, на крајот се откажаа, бидејќи раководството на „пеликаните“ бараше премногу за Дејвис. Меѓутоа, Лејкерс ова лето ќе атакува на потпис со една од големите ѕвезди, а меѓу нив главен приоритет ќе биде токму популарниот „Веѓа“.

  • Неуспехот во преговорите со Њу Орлеанс нема да ги промени нашите планови за летниот рок. На пазарот ќе има многу добри и слободни кошаркари и ние сме во потрага да потпишеме со некој од нив, изјави претседателот на клубот Меџик Џонсон.

Резултати: Далас – Портланд 102:101, Филаделфија – ЛА Лејкерс 143:120, Сакраменто – Феникс 117:104, Атланта – Орландо 108:124, Голден стејт – Мајами 120:118.