Ем освежителен ручек, ем без готвење: крем чорба од краставици

40
fresh iced cucumber soup with garlic, yogurt and peppermint

Краставицата е еден од најосвежителните зеленчуци во летниот период бидејќи 95 отсто од неа е вода. Освен што го лади телото во лето го храни со минерали, а содржи многу малку калории. Затоа уживајте во оваа освежителна, студена, летна чорба и не се воздржувајте да изедете чинија уште.

Потребно е:

  • 3 краставици
  • 6 густи јогурти од 200 мл
  • сок од еден лимон
  • 12 листови свежо нане
  • сол, црн пипер

За служење:

  • Двопек, соленки со сусам

Подготовка:

Измијте ги краставиците, извадете им ги семките и иситнете ги во блендер па додадете ги јогуртот, сокот од лимонот и ливчињата нане (откако претходно сте ги измиле и исушиле), и зачинете по вкус.

Креместата чорба послужете ја во стаклени чинии, откако претходно ќе ја изладите убаво во фрижидер.

Украсете ја по желба, со две парчиња препречен леб или солени стапчиња со сусам.