Некогашната членка на жирито во популарниот “Икс фактор“, и поранешна сопруга на турската ѕвезда Мустафа Сандал, пејачката Емина Јаховиќ, постојано кога има слободно време, вежба во теретана. Емина од теретана ја поделила сликата на која е без шминка и без прескапи фустани. Токму оваа слика за кусо време собра повеќе од 16 илјади лајкови. Сега многумина со причина констатираат: “А, таа ли таа секси мама од теретана“!
Српската пејачка Емина Јаховиќ секој свој слободен миг го користи за гимнастика а не е ни чудно што е една од најубавите жени во Србија и сериозна конкуренција на многу турски пејачки, со оглед на тоа дека Емина настапува и на турската естрада.
-Поздрав од моето омилено место овие денови, напишала во описот на сликата згодната Емина. Никој не би рекол дека е таа мајка на две момчиња, дека раѓала, бидејќи линијата ја доведе до совршенство. Не само со вежби, туку и со здрава храна која е поважна од гимнастиката за да се има едно вакво секси тело.

Инаку, раскинувањето на нејзината љубовна врска со Турчинот Садетин Саран ги полни страниците на турските таблоиди: – Фаталната Србинка од Санџак му сврте грб на нашиот Турчин, милионерот Садетин… се само некои од насловите со кои се забавуваат турските читатели. И самата Емина ја потврди разделбата: Точно е дека сè е веќе готово, дека е крај на љубовта со Саран! Од пуста тага, богаташот замина во Австрија на недела дена обидувајќи се таму да ја преболи Емина.