Емина Јаховиќ во љубовна врска со поранешниот турски кошаркар Ибрахим Кутлај

122

Не успеа да се сокрие од новинарите!

Популарната турска пејачка Емина Јаховиќ со српско потекло (родум од Нови Пазар, Србија-Санџак) фатена е деновиве од новинарите на турските таблоиди со својот нов љубовник. Откако се разведе од турскиот музичар Мустафа Сандал со кој има два сина, Емина не мирува. Потоа и со љубовникот Садетин раскина, па сега е во топлите прегратки на поранешниот 45-годишен кошаркар Ибрахим Кутлај кој инаку е добар другар на братот на Емина, кој е исто така поранешен кошаркар, а кој останал да живее во Турција.

Но, знаете ли како убавата Емина реагирала кога медиумите ја откриле нејзината тајна љубовна врска со Ибрахим? Многу бесно, целата нервоза ја истурила врз турските новинари кои ѝ ја разоткриле оваа долго чувана љубовна тајна. Д.М.