Македонскиот тренер Емил Рајковиќ беше промовиран како нов предводник на рускиот кошаркарски гигант, ЦСКА од Москва.

Тој пред новинарите зборуваше за очекувањата во новата средина.

  • Да се биде тренер на ЦСКА Москва е голема чест, но и одговорност, а за мене е награда за сè што сум постигнал досега. На навивачите сакам да им кажам дека сум среќен што пристигнав тука, иако не играме во Евролигата, сепак очекувам возбудувања во ВТБ-лигата. Мислам дека го имам потребното искуство кое ќе ми помогне во Москва. Главна цел ќе ни биде агресивна одбрана, но и брзи напади. Мислам дека ќе биде интересно за навивачите, но и корисно за клубот, истакна Рајковиќ.