Македонка од Виница нова министерка во Словенечката влада

145

Емилија Стојменова Дух, доктор на науки и асистентка на Електротехничкиот факултет во Љубљана, е избрана за министерка за дигитализација во новата словенечка влада. Таа е основач и директор на мрежата FabLab Slovenia, како и директорка на Digital Innovation Hub (DIH) Slovenia.

По завршување на вторa година во природно-математичката гимназија во Виница, Емилија Стојменов Дух се преселила во Марибор. Од Агенцијата за развој на кадри во Словенија, таа добила стипендија за програмата Меѓународна матура, а потоа и ги завршила студиите по електроинженерство на Универзитетот во Марибор, каде била најдобар студент.

Коалициските партии на новата словенечка Влада што ќе ја предводи Роберт Голоб, завчера ја договорија распределбата на министерските места во Кабинетот, како и текстот на коалицискиот договор што ќе биде парафиран штом ќе биде и формално усвоен од раководните партиски тела.