Емерсон како „светец“

30

Офанзивниот десен бек на каталонскиот гигант Барселона, Емерсон, е најновата желба на раководните лица на актуелниот шампион на Франција, тимот на ПСЖ. Новиот предводник на популарните „светци“, Маурицио Покетино, веќе има дадено зелено светло за ангажирање на бразилскиот бек кој не крие дека е незадоволен од минутажата која ја има на „Ноу Камп“. Неофицијално, челниците на ПСЖ се подготвени да одвојат околу 25 мил. евра за обештетувањето на Емерсон.