ЕМА ја дозволи вакцината на АстраЗенека во ЕУ, речиси 60 отсто ефикасна

30

Европската агенција за лекови (ЕМА) ја препорача вакцината против Ковид-19 на компанијата АстраЗенека за употреба во ЕУ.

ЕМА исто така наведува дека вакцината ќе се аплицира на луѓе повозрасни од 18 години, дека е ефикасна 60 проценти и се дава во две дози во период од четири до 12 недели.

Во прашање е трета вакцина против Ковид-19, која ЕМА условно ја препорачува за употреба на територијата на ЕУ.

– Со ова трето позитивно мислење, ние дополнително го проширивме арсеналот на вакцини кои им се достапни на земјите-членки на ЕУ во борба против пандемијата и заштита на нејзините граѓани, изјави извршниот директор на ЕМА, Емер Кук.

ЕМА наведува дека студиите покажале 59,5 проценти намалување на бројот на симптоматски случаи на Ковид-19 кај луѓе на кои им била дадена вакцината на АстраЗенка.

– Вакцината покажа околу 60 отсто ефикасност при клиничките испитувања, наведе ЕМА. Се додава дека повеќето учесници во овие студии биле на возраст меѓу 18 и 55 години и дека се уште нема доволно резултати за ефикасноста на вакцината кај лица повозрасни од 55 години.

Извор:МИА