ЕМА треба да одлучи за вакцинација на петгодишните деца до почетокот на ноември

83

Европските регулатори очекуваат до почетокот на ноември да донесат решение дали вакцината против Ковид-19 на „Бионтек/Фајзер“ треба да се користи кај петгодишни деца.

Членовите на Европската агенција за лекови изјавија дека очекуваат „Бионтек/Фајзер“ да ги обезбеди податоците од педијатриските испитувања на почетокот на октомври и дека ќе бидат потребни приближно четири недели за да се даде препорака, освен ако Агенцијата нема потреба од повеќе информации. „Модерна“ треба да ги претстави своите податоци еден месец подоцна, во почетокот на ноември.

„Бионтек/Фајзер“ објави соопштение претходно оваа недела во кое се наведува дека две помали дози на вакцина кај деца на возраст од 5 до 11 години се споредува со одговорот со две целосни дози кај тинејџери.

Сепак, експертите ги критикуваат компаниите што не објавија целосни податоци за вакцината оваа недела и дека вклучиле премалку деца во испитувањата.

Агенцијата, исто така, повтори дека трета доза вакцина може да се земе предвид за ранливите популации, особено за луѓето со ослабен имунолошки систем.

Фергус Свини, шеф на клиничките испитувања на ЕМА, повтори дека земјите се способни да донесуваат одлуки врз основа на нивните индивидуални ситуации со коронавирусот.

– Земјите треба да го земат предвид поширокиот опсег на различни бранови на болеста, различните вакцини што ги имаат и како сакаат да ги заштитат членовите на својата јавност“, рече тој.

Покрај вакцините, Агенцијата соопшти дека мора да ја исполни целта на Комисијата да одлучи за пет потенцијални терапии против Ковид-19 до крајот на годината.