Дајте ми број од тој Ел Чека јас да му се јавам да му кажам дека ќе одговара, рече Заев

94

Премиерот Зоран Заев го повика кичевецот со псевдоним Ел Чека да објави и негови разговори на Фејсбук, откако од него беше побаран коментар за прашањето на Али Ахмети зошто Ел Чека објавува само разговори на ДУИ, а не и на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.

„ Не знам зошто Ел Чека објавува разговори само за Али Ахмети, дајте ми телефон ќе му се јавам и ќе го прашам, рече Заев. -Еве јавно го повикувам, нека објави и за мене. Јас сум транспарентен човек. Не знам зошто не објавувал за други, само за Али Ахмети. Но, треба да знае дека се одговара за тоа. Светот е глобално село и ќе одговара кога тогаш. Ако има, нека објавува сега“, кажа Заев на прес-конференција во Владата за разрешувањата на високи функционери.