Елнени во Бешикташ како позајмување

81

Египетскиот репрезентативец и игра на Арсенал Елнени и официјално го напушти лондонскиот клуб, откако замина за Турција каде како позајмнување ќе биде дел од Бешикташ.

Унаи Емери неодамна му порача на Елнени дека не смета на него оваа сезона и дека би било подобро да побара нов клуб. Во таа насока „топџиите” преговараа со неколку клубови и на крајот ја прифатиле понудата на Бешикташ.

Лондонскиот клуб денеска потврди дека Елнени заминува од екипата и до крајот на оваа сезона ќе биде позајмен на Бешикташ, а турскиот клуб ќе има можност да го откупи неговиот договор за следната сезона.
Елнени дојде во Арсенал 2016 година од Базел, а во дресот на лондонскиот клуб одиграл 89 натпревари