Ели Гонсалвес, популарна инфлуенсерка со повеќе од милион следбеници на социјалните мрежи, предизвика големо внимание во јавноста кога сподели листа од 117 причини зошто не сака да има деца. Оваа 33-годишна девојка отворено проговори за нејзините причини, нагласувајќи дека нејзината одлука е лична и се базира на бројни искуства и размислувања.
Еве некои од причините кои Ели ги наведе во нејзината контроверзна објава за тоа зошто не сака да има деца:
-вагината не изгледа исто по природно породување,
-повеќе не сте приоритет на вашиот партнер,
-губите коса по породувањето,
-децата се неблагодарни и груби,
-работите што ги сакаш ќе бидат уништени,
-ограничувања за време на бременоста како исхрана,
-изборот на дадилка е премногу тежок,
-децата се здодевни
-градите се болни и отечени,
-никогаш повеќе не си сам
-мора да јадете одредена храна за време на бременоста,
-многу плачеш…
Во морето критики и осуди кои следеа по објавувањето на споменатата листа, Ели истакна дека не е сама во своите ставови и дека добила поддршка од многу жени кои истото го чувствуваат, но се плашат да го изразат нивното мислење јавно поради страв од осуда. Таа додаде дека е важно да се слушне гласот на оние кои не сакаат да имаат деца, како и луѓето да покажат разбирање и емпатија кон таквите ставови.