Елизабета Ѓоргиевска на Павилјонот за жени ЕКСПО 2020 во Дубаи/ФОТО ГАЛЕРИЈА

118

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска денеска се обрати на панел дискусијата „Визии и патувања“ во Дубаи, Обединетите Арапски Емирати на Павилјонот за жени ЕКСПО 2020.

Претставувајќи се пред сè како жена, професионалец, мајка, сопруга, Ѓоргиевска оствари разговор во многу пријатна и непосредна атмосфера, изјави за Вечер, Марија Прилепчанска, учесничка на трибината.

Сопругата на претседателот, како што е наведено во соопштението, оствари средба со Охуд Калфан Ал Руми, државен министер за владин развој и иновации на Обединетите Арапски Емирати, а во придужба на Худа ал Хашими, генерален директор за стратегии и иновации во Канцеларијата на премиерот на Обединетите Арапски Емирати и Шамса Салех, генерален секретар на Советот за родова еднаквост на Обединетите Арапски Емирати ги посети Кулите Емирати. Ѓоргиевска во Дубаи ги посети и музеите Етихад и Ал Шиндага.

На маргините на Павилјонот за жени ЕКСПО 2020, Ѓоргиевска во Дубаи ќе оствари средби и со Омар Султан Ал Олама, државен министер за вештачка интелигенција, како и со Риим Ал Хашими, министерка за меѓународна соработка на Обединетите Арапски Емирати и главен директор на Павилјонот за жени ЕКСПО 2020 Дубаи.