Електричните тротинети во Германија „се селат“ на улиците

218

Горниот дом на германскиот парламент изгласа закон кој дозволува електричните тротинети да ги користат на јавни патишта, но и на велосипедски патеки.

Оваа информација ги израдува компаниите производители на ваквите електрични тротинети. Ваквата одлука на германските власти ќе го забрза и зголеми производството на електрични тротинети на европскиот пазар.

Со новиот закон е дозволено е – тротинетот да се движи со брзина до 20 Km/h, а ова превозно средство може да го управува личност над 14 години. Изгласаната одлука стапува во сила од јуни.

Е-тротинетите се погодени како дополнително индивидуално превозно средство во урбаните средини, пред се за кратки релации и во комбинација со други јавни превозни или сопствени превози.