ЕК за неколку дена треба да почне да користи „Северна Македонија“

20
Image: 0179770440, License: Rights managed, Property Release: No or not aplicable, Model Release: No or not aplicable, Credit line: Profimedia.com, Alamy

Европската Комисија се подготвува за неколку дена да почне да го користи новото име „Република Северна Македонија“, пренесе МИА.

Откако двете земји го ратификуваа договорот, Европската Комисија чека да завршат сите предвидени процедури помеѓу Скопје и Атина за да влезе во сила употребата на новото име во европските институции. Македонија треба сега да ги извести Обединетите Нации и сите меѓународни и регионални организации дека Преспанскиот договор стапи во сила и да побара од нив да го користат терминот „Северна Македонија“. Според дипломатски извори, ЕК очекува известување од Скопје до среда оваа недела, паралелно со известувањето до ОН.

Image: 0179770440, License: Rights managed, Property Release: No or not aplicable, Model Release: No or not aplicable, Credit line: Profimedia.com, Alamy

Меѓутоа, некои работи не се до крај разјаснети, информираат во ЕК, односно нејасно е дали промената на терминот ќе се случи веднаш или дали ќе се чека одлуката на Колеџот на комесари или пак на Советот за надворешни работи на ЕУ, предвиден на 18 февруари, каде во заклучоците би можело да биде усвоена официјално употребата на новото име од страна на министрите за надворешни работи на ЕУ.

И во Советот и во Комисијата се работи на утврдување на процедурите, информираат од овие институции.