ЕК: Да продолжат истрагите за „бомбите“ и да се најде решение за статусот на СЈО

51

По оставката на Катица Јанева, Европската Комисија порачува дека истрагите за илегалните прислушувања треба да продолжат.

-Европската Унија ја прима на знаење најавата на Катица Јанева дека има намера да поднесе оставка, се вели во писмената реакција на Европската Комисија.

Понатаму во коментарот, ЕК повторува дека е „важно сите парламентарни политички партии да продолжат да работат за изнаоѓање одржливо решение за статусот на Специјалното јавно обвинителство“.

-Европската Унија потсетува дека е важно да се продолжи со воспоставување отчетност за криминалите кои произлегуваат и се поврзани со илегалните прислушувања, стои во кусото соопштение од Европската Комисија.