Ексклузивно за весникот „Вечер“: Стевче Арсоски, човекот за кој зборува светската научна јавност

361

Секој научник е идеалист кој го живее својот сон, а сонот на професорот во средното техничко училиште во хрватскиот град Сисак, Стевче Арсоски е врзан за летот на Марс. Арсоски е автор на проектот „Центар за вселенска и иновативна технологија“, која се отвори пред неколку недели со поддршка на Сисачко-мословачката жупанија каде што група врвни инженери, доктори на науки од различни области, работат на развивање на вселенски штит од вселенско зрачење. Ако во следните неколку месеци успеат во својата мисија, хрватските научници планираат нивниот иновативен производ  да му го понудат на светски познатиот милијардер, инвеститор и основач на „Тесла” и „Спејс X”, Елон Маск, кој размислува да живее на Марс.

– Се надевам, да не речам убеден сум, дека доколку сè оди според планот, првите резултати би ги имале за седум, осум месеци. Ако крајниот производ биде онаков каков што очекуваме, планираме да го презентираме на пошироката јавност, посебно да му го понудиме на Маск, бидејќи тој е еден посебен и навистина исклучителен лик, а нам достапен, изјави за весникот „Вечер“ хрватскиот професор кој не ги крие македонските корени.

(целата сторија можете да ја прочитате во печатениот број на весникот Вечер)