Најголемата женска регионална ѕвезда во моментов, неверојатно квалитетната Амира Медуњанин, ќе одржи ексклузивен концерт во Македонија на 09-ти август и тоа на најубавата локација за оваа пригода, Античкиот театар во Охрид.

Капацитетот на Антички театар којшто е со 2.500 седишта ќе биде искористен за максимум 1.200 посетители, поради Ваша заштита и почитувањето на протоколите превземени, за заштита од Ковид 19. Влезниците ќе бидат пуштени во продажба исклучиво онлајн на аvalon.mk  од среда (08.07) во 09 часот наутро.

Амира Медуњанин е една од најактивните промотори на музичкото наследство на Босна и Херцеговина. Нејзината богата дискографија која ја издава во соработка со познати светски издавачки куќи постојано добива одлични музички критики, додека музичкиот новинар Гарт Картрајт ја нарече босанската Били Холидеј, алудирајќи на начинот на кој Амира си „игра“ со севдахот, пронаоѓајќи нов контекст и форма во
традицијата стара повеќе од сто години.

Неодамна излезе и нејзиниот најнов студиски албум со наслов „For Himand for Her“ во издание на Кроација Рекордс, посветен на двете легендина кафеанската музика Тома Здравковиќ и Силвана Арменулиќ, кој за брзо време стана апсолутен хит на дигиталните платформи, а и во Охрид ќе биде премиерно претставен пред публиката со неколку нумери.

Извор: Авалон Продукција