Еко-свест: Ние сме коректив на власта, но мора да соработуваме со институциите за да овозможиме зелена економија

26

Во партнерство со организации од Црна Гора, Босна, Албанија, Србија и со подршка на Хрватските организаци проектот „ГЕАР – Зелена економија за развој на регионот“ финансиран од Европската Унија, во последните три години во Северна Македонија го спроведе Центарот за истражување и информирање за животна средина „Еко-свест“.

– Целта на овој проект е да се унапредат капацитетите на општините и граѓанските организации за да имплементираат во иднина проекти за развој на зеленото претприемништво и зелената економија. Проектот беше насочен со цел да ги подготви институциите и граѓанскиот сектор да се насочат во тој правец – истакна Ана Чоловиќ-Лешоска, извршна директорка на „Еко-свест“.

Тие посочуваат дека во рамки на проектот соработувале со општините, додека пак општина Центар била соработник на проектот.

– Голем број на организации не само што беа вклучени во активностите туку беа и подгрантисти, тоа значи дека тие добија можност да имплементираат проекти во делот Зелената економија во С. Македонија. Истото се случуваше во останатите земји на Балканот. Ние имавме многу поинтензивна соработка со Албанија, бидејќи патувањата беа пократки па така организиравме обуки во Албанија и Македонија за учесниците на двете држави – појаснува таа.

Според неа, сега е предизвик за институциите да влезат во текот на Зелениот договор кој треба да се спроведе до 2030 година.

– Среќни сме дека гледаме и дека кај нас има интерес од страна на владите инстититуци да имплементираат зелени проекти затоа следните чекори ќе бидат продлабочување на тие врски со институциите. Знаеме дека кога граѓански сектор работи заедно со институциите резултатите се подобри за општеството. Во ред е да сме коректив на власта и да критикуваме но исто така е важно да работиме заедно на заедничката визија. Во Македонија има голем потенцијал за трансформација кон зелената економија, декарбонизацијата и елиминирањето на фосилните горива дава еден многу убав патоказ за тоа како ние би се развивале во регионот со алтернативниот туризам, храната која ја произведуваме, значи сите тие алтернативни гранки кои во Македонија буквално можат да процветат за многу кратко време ако има финансиска поддршка во тој правец – додава Чоловиќ-Лешоска.

Изминатата година организирале се серија настани и работилници на тема ЕУ зелен договор и зелена агенда, иницирано е прашањето за “Греенњасхинг“ и како да се препознае истото како и организирани се обуки за подобра соработка помеѓу граѓанскиот сектор и јавниот сектор.

Во рамки на проектот се изготвени и голем број информативни и промотивни материјали како торби, шишиња, УСБ картички, маички и серија на публикации и студии на тема зелена економија.