Економските оператори кои немаат дозволи за достава на храна или лекови да се пријават

93

Врз основа на новата одлука и мерките од Владата за забрана на движење од вечерва од 21:00 часот до понеделник во 5:00 часот, Општина Центар ги известува сите економски оператори кои вршат достава на храна/лекови, а кои веќе имаат добиено известување за вршење на дејност за време на полицискиот час, истите и понатаму ќе имаат важност.

-Сите економски оператори кои немаат поднесено барање за вршење дејност, истото можат да го направат со испраќање на пополнета пријава на info@centr.gov.mk, соопштија од Општина Центар.