Еколошка катастрофа во близина на Марков манастир

114

Природа загадена со секаков отпад е сликата која денеска може да се забележи покрај Маркова река, на 50-тина метри од Марков манастир, кој се наоѓа во подножјето на планината Китка.

Несовесни граѓани деновиве убавото време го искористиле за лично задоволство,  притоа, оставајќи секаков отпад зад себе, направиле штета на своите поколенија, до 500 години од сега, колку што е потребно да се распаде истиот.

Маркова река е една од водотеците која годинава и покрај сушата изобилува со вода, но, „уживателите на природата“, решително, по убаво поминат викенд, отпадот несовесно го складирале во реката.

Првиот контејнер за отпадоци е на 50 метри, а на местото кое природата овозможила и луѓето да уживаат во нејзината убавина, поставен е огромен знак преку кој на македонски и албански јазик, посетителите љубезно се замолуваат отпадот да го складираат во контејнер.