Еквадор ги легализираше истополовите бракови

83

Со пет гласа „за“ и четири „против“, Врховниот суд на Еквадор одобри истополови бракови во оваа католичка и конзервативна јужноамериканска земја.

Активисти за човекови права и од ЛГБТ заедницата го одбележаа настанот во главниот град Кито и во пристанишниот град Гвајкуил веејќи знамиња со боите на виножитото.

Иако во Еквадор црквата е многу влијателна, земјата им се приклучи на Аргентина, Бразил и Колумбија во легализацијата на истополовите бракови.

Четворицата уставни судии кои се спротивставија на одлуката, сметаат дека за признавањето на истополовите бракови е потребна уставна реформа, која треба да биде разгледана во Парламентот.