Ед Ширан прави пауза во кариерата и се посвети на производство на пиво

109

Британскиот кантавтор Ед Ширан, одлучи да се посвети на производство на пиво. Хитмејкерот, кој минатата година најави повлекување од сцената, произведува занатско пиво на својот имот во Сафолк.

Пијалокот ќе биде во понудата на пабот Ланкастер лок, што го именувал по сопругата Шери Ланкастер.

Музичарот во 2017 година старата штала на својот имот ја реновирал во паб, каде најчесто е во друштво на своите пријатели.