Ед Ширан доби отштета од милион евра поради обвинението за плагијат

73

Британскиот поп-музичар Ед Ширан доби повеќе од еден милион евра како отштета за правни трошоци по успешната правна борба против авторите кои го обвинија за плагијат.

Ширан (31) го доби случајот пред Високиот суд во Лондон на почетокот на април, по процесот што тој го нарече индикатор за лоши практики што ја поткопуваат музичката индустрија.

Судот одлучи дека Ширан не „намерно или несвесно“ ја копирал мелодијата на песната „Oh Why“ на Сами Чокри и Рос О’Доногју од 2015 година во неговиот хит „Shape of You“, еден од најпродаваните во светот.

Во дополнителната пресуда, донесена во вторникот, судијата Ентони Закароли пресуди дека тужителите мора да платат судски трошоци од 916.000 фунти.

За време на судењето, Ед Ширан ги отфрли обвинувањата дека ја позајмил мелодијата од непознати композитори, а нивниот адвокат, признавајќи ја „генијалноста“ на британскиот пејач, го нарече „страчка“, мислејќи на птицата која често се нарекува крадец.