Едноставен трик кој ви гарантира помал апетит!

25

Многу е тешко да го запреме прејадувањето. Потребна ни е голема самоконтрола за да изедеме помали порции и да им одолееме на десертите кои ни се на дофат. Кога ништо друго не помага, обидете се со овој едноставен трик.
Брендон Нуген, автор и сопственик на сајтот за здрав живот “ChillPhill”, вели дека ќе ја намалиме количината на внес на храна ако јадеме со помош на раката која не ни е доминантна.

Тоа ќе изгледа како сè уште да учиме како да го користиме приборот за јадење. Можеби е прекомплицирано да се обидувате да го правите тоа за време на секој оброк, но можеби при главниот оброк ќе ви помогне да не се прејадете повеќе од границата на ситост. На тој начин ќе ни биде потребно повеќе време за да го изедеме оброкот, а тоа на желудникот ќе му даде шанса да му сигнализира на мозокот дека сме сити.

Помагаат помали чинии и уште неколку работи

Знаеме дека ова звучи малку чудно, но постои истражување кое покажува дека овој начин може да ни помогне да не се прејадуваме. Имено, во истражувањето спроведено во 2011 година на испитаниците им дале пуканки – на една група свежи, на друга група стари една недела. Немало некоја разлика во тоа колку изеле двете групи. Во вториот дел од експериментот, кога морале да јадат пуканки со недоминантната рака, се покажало дека внесот на пуканки се намалил за 30 отсто.

Но, пред да се впуштите во овој експеримент, обидете се со некој од овие трикови за да го измамите вашиот апетит – на пример јадете од помали чинии.

После секој залак, спуштете го приборот за јадење, задолжително јадете на маса, изгасете го телевизорот и фокусирајте се на храната. Џвакајте го секој залак барем 50 пати. Чекајте 20 минути пред одлука за десерт, веднаш раскренете ги остатоците од масата за да не тргнете повторно „во напад“.

После јадењето измијте ги забите или земете гума за џвакање.