Едномесечен уредувачки предизвик за членовите на Вики клубовите на тема „Запознајте ја Русија”

41

Ве известуваме дека Амбасадата на Руската Федерација во соработка со Здружението на граѓани ГЛАМ Македонија во текот на месец февруари, ќе одржи едномесечен уредувачки предизвик за членовите на Вики Клубовите на тема „Запознајте ја Русија”.

Вообичаените работилници овој пат ќе бидат изоставени од безбедносни причини. Учесниците во текот на месец февруари, ќе ја збогатат Википедија на македонски јазик со теми поврзани со Русија, при што пишувајќи на темите тие учат за нејзината историја, географија, култура, спорт и друго. Статиите кои
ќе бидат напишани, уредени и одобрени ќе ја збогатат Википедија на македонски јазик и ќе останат во иднина да може да ги прочита секој што знае македонски јазик.

По завршувањето, во текот на месец март ќе бидат доделени дипломи и награди на свечен јавен настан во Скопје. Наградите ги обезбедува Амбасадата на Руската Федерација во Скопје.

Почнувајќи од октомври 2016 година, ГЛАМ Македонија има оформено седум Вики Клубови во различни градови, во кои се обучуваат ученици од основните и средните училишта за уредување на Википедија. Досега беа спроведени два слични проекта „Запознајте ја Унгарија” и „Запознајте ја Германија”.

Повеќе информации:
https://mk.wikipedia.org/wiki/Википедија:Запознајте_ја_Русија
https://meta.wikimedia.org/wiki/Meet_Russia

Со почит,
Амбасада на Руската Федерација
Скопјe