Еднократна помош за лицата со попреченост

26

Сто педесет и пет лица со попреченост од Карпош ќе добијат еднократна парочна помош од 3.000 денари, средства кои од својот буџет за таа намена ги обезбедила Општината.

Ова го најавил градоначалникот Стевчо Јакимовски на денешната средба со тројца претставници од оваа социјална категорија на граѓани, кои воедно се жители на Карпош по повод одбележување на Меѓународниот ден на лицата со попреченост – 3 Декември. На средбата присуствувaa и претставничките од Одделението за детска, социјална и здравствена заштита при Општина Карпош

Како што соопштија од Општина Карпош, на средбата станало збор за секојдневните проблеми со кои се соочуваат лицата со попреченост, како и за евентуалните решенија кои може да ги понуди локалната самоуправа за нив.

 -Локалната самоуправа континуирано се грижи за своите сограѓани од оваа социјално ранлива категорија. Тоа досега го демонстрираше преку изградба на пристапни рампи, отворање на сензорни соби во основните училишта и инклузивни игралишта на неколку локации, обезбедување на социјални пакети со прехранбени производи, како и креирање на политики за помош на лицата со попреченост -велат од Општина Карпош.