Ракометниот репрезентативец на Египет, Мохамед Мамдух Шабах со својот потег го воодушеви целиот свет, откако неговата фотографијата по освојувањето на африканското првенство стана хит. На фотографијата тој ѝ ги бакнува нозете на својата мајка, која беше во гледалиштето.

Мајката на Шабах, инаку пикер на романски Динамо Букурешт беше во гледалиштето на првенството во Тунис, каде Египет, предводен од поранешниот тренер на Вардар, Роберто Парондо славеше со 27:23 во финалниот меч.

Сликата кажува повеќе и од илјада збора, а пред сè почитта кон родителите, особено откако Мохамед лани го загубил својот татко.