Една од најголемите заплени на грчка територија:Во Солун запленети повеќе од 585 килограми кокаин

134

Повеќе од 585 килограми кокаин се запленети во грчкиот пристанишен град Солун на северот од земјата, соопшти во петокот локалната полиција.

Шефот на солунската полиција Јоргос Пападопулос на прес-конференција изјави дека пет лица, меѓу кои четворица странци, се уапсени во една од најголемите заплени на дрога на грчка територија.

„Операцијата беше спроведена во соработка со американската Администрација за борба против дрогата (ДЕА)“, рече Пападопулос.

Тој додаде дека меѓу уапсените има и голем дилер на дрога од Латинска Америка до Грција и Европа, неименуван 50-годишен маж.