Јапонија го укина предупредувањето за „мегаземјотрес“, една недела откако беше издадено поради зголемениот ризик од разорен земјотрес.
Како дел од предупредувањето, на населението му било кажано да биде внимателно, но да не се евакуира, бидејќи веројатноста за разорен земјотрес е поголема од вообичаената, јавува Би-Би-Си.
Јапонската влада денеска објави дека од граѓаните повеќе не се бара да преземаат посебни мерки на претпазливост и дека можат да се вратат на својот нормален начин на живот.