Еден осомничен од „Рекет“ бара спогодба со Обвинителството

44

Обвинителката Вилма Русковска вечерва изјави дека еден од осомничените во случајот „Рекет“ побарал спогодба со Обвинителството.

Се работи за еден од осомничените од првиот дел од истрагата за „Рекет“ кој се понудил да се спогоди и да сведочи. Осомничени во првиот дел од истрагата се Бојан Јовановски, Катица Јанева и Зоран Милевски Кичеец.

Русковска изјавата ја даде по распитот на Јасна Мандиќ, потпретседателката на „Меѓународниот сојуз“ кој го предводи првоосомничениот Бојан Јовановски.

-Вештачењата кои беа направени последни донесоа важни докази. Имаше интерес кај некои од осмничените за спогодба, не се поднесе званично барање, но побараа спогодба. Ќе видиме што ќе биде. Еден осомничен побара спогодба за обвинението кое ќе биде поднесено утре, рече Русковска.

Таа додаде дека за сите осомничени во „Рекет“ ќе се бара продолжување на мерката притвор.