За неполн месец стартуваат Зимските олимписки игри во Пекинг, а на нив нема да настапува еден од најдобрите спортисти – Камил Штох (34).

Овие Игри требаше да бидат последни во богатата и кариера на еден од најдобрите ски-скокачи на сите времиња. Стох веќе недела дена се мачи со повредата на зглобот која се влоши, а лекарскиот тим го советува да паузира најмалку две недели.

Штох освои два златни олимписки медали во Сочи во 2014 година, а во Пјонгчанг во 2018 година освои сребро во поединечна и бронза како екипна конкуренција, па медалот во Пекинг требаше да биде уште шлаг на тортата на богатата кариера.