Едвај чекам Меси да замине во пензија

48

Голем е бројот на тие кои сметаат дека Лионел Меси е најдобар играч во фудбалската историја, а мал е бројот на тие кои не го признаваат успехот и генијалноста на аргентинскиот интернационалец. Меѓу вторите е и поранешниот фудбалер на Реал (М), Алваро Арбелоа, кој ја имаше таа „среќа“, да биде сведок на можеби најдобрите парии на Меси во дресот на Барселона, кога беше вистински кошмар за дефанзивците на „кралскиот клуб“.
Поранешниот репрезентативец на Шпанија откри дека се уште не ужива во играта на Меси и додаде дека ги одбројува деновите кога Аргентинецот и официјално ќе стави крај на својата богата играчка кариера.

  • Знам колку е Меси добар играч, но никогаш нема да уживам во неговите натпревари. Се надевам дека брзо ќе се прости и искрено ги одбројувам деновите кога Меси ќе стави крај на својата кариера, изјави Арбелоа.

Поранешниот фудбалер на Депортиво Ла Коруња, Ливерпул и Вест Хем, откри дека не ја мрази Барселона туку поради Реал (М) сака Меси побрзо да се пензионира.

  • Не сум човек која ја мрази Барселона. Сакам Меси што е можно побрзо да се пензионира поради Реал (М), додаде Арбелоа.

И покрај таквата желба на Шпанецот, Меси и годинава ги руши сите можни рекорди, а според последните информации кои пристигнуваат од „Ноу камп“, Аргентинецот сака да го продолжи актуелниот договор кој му завршува во 2021 година.