Ракометната репрезентација на Египет ја оправда фаворитската улога во првиот дуел на Светското првенство во својата земја против селкцијата на Чиле. „Фараоните“ во Каиро ја торпедираа селекцијата на Чиле со 35:29 (18:11).

Најдобри поединци во египетскиот табор беа Елдера со шест, Јусри даде пет, а Санад и Јахиа по четири гола, а кај Чилеанците се истакна Ервин Фохтман со седум погодоци. На египетскиот гол бранеше Карим Хандави, кој денес потпиша за Еурофарм Пелистер и во иднина ќе го гледаме на нашите терени.

Вториот натпревар од првото коло во оваа група, Македонија и Шведска ќе го одиграат утревечер од 20:30 часот.