Евтино греење во зимски денови: Топол дом, a помали сметки

117

Постојат бројни начини со кои можете да ги намалите месечните сметки и во исто време да имате топол дом

Дали некогаш си го поставивте ова прашање – како да ги намалите трошоците за греење. Веројатно да, и тука сте всушност дел од мнозинството кое си го поставува ова прашање секоја година, пред да започне зимата  како и за целото нејзино времетраење. Важно е  дека постои одговорот на ова прашање, бидејќи постојат бројни начини со кои можете да ги намалите месечните сметки и во исто време да имате топол дом.

Спуштете ги завесите и ролетните. Ноќе, спуштете ги ролетните и навлечете ги завесите за да ги намалите загубите на топлина. Ролетните можат да ја намалат загубата на топлина за дури 10 проценти. Ако сонцето се појави во текот на зимскиот период, отворете ги завесите на прозорците така што топлината ќе влегува и ќе ги загрева прозорците, што исто така ќе ја зголеми температурата во домот. е Кутиите за ролетни се потенцијални места за големи загуби на топлина, затоа изолирајте ги ако е можно.

Поставете тепих на под. Тепихот го задржува студениот воздух под неговата површина. Тој ќе ви помогне да ја одржувате телесната топлина подолго, без оглед на тоа дали на подот има плочки, бетон, паркет или ламинат. Ова особено се однесува на становите на горните катови на зградите, бидејќи тие немаат подлога што би ја задржала топлината,  за разлика од становите лоцирани на приземјето.

Спречете го заминувањето на топлиот воздух низ оџакот. Кога каминот не се користи, топлиот воздух во затворените простории поминува низ оџакот. Дури и кога оџакот е затворен, преку него излегува одредено количество топол воздух. Едноставно решение е да го блокирате протокот на воздух со балон со оџак. Изберете големина на балон што одговара на големината на оџакот. Ако запалите камин и заборавите да го извадите балонот, тој автоматски ќе се испумпа, така што куќата нема да се наполни со чад.

Покријте ги sидовите. Ѕидовите од тули или камен секако се подобри изолатори од стаклото, но тие остануваат ладни долго време (3-4 степени се постудени од воздухот во просторијата) и така се губи многу топлинска енергија. За среќа, овој проблем можете да го решите покривајќи ги sидовите со слики или огледала. Дури и наједноставниот постер помага при изолација, ја зголемува температурите до еден степен и ја намалува загубата на топлина за речиси една четвртина. Сепак, полиците за книги се најдобри, тие се како втор дополнителен ѕид кој изолира.

Ставете крпи под вратите и прозорците. На овој начин ќе  ја пополните празнината помеѓу вратата и подот, а што ладниот воздух нема да влегува внатре.

Искористи ја целата енергија што излегува од радијаторот. Зад радијаторите лоцирани на надворешните sидови, под прозорците, ставете рефлектирачка фолија. На тој начин, преносот на топлина ќе биде насочен кон просторот, а не кон прозорецот. Исто така е добро да се стави дополнителна топлинска изолација зад радијаторите што се наоѓаат на надворешните sидови. На тој начин ќе се спречи губење на топлина.

Отстрането го мебелот од грејните тела. Можеби несвесно сте го оставиле мебелот пред грејните тела кога сте го преуредувале просторот. Проверете околу куќата дали вашите отвори не се блокирани од мебел и пронајдете начин да го преместите мебелот, барем во текот на зимата. На овој начин ќе се осигурете дека секоја соба го добива својот максимален топлински потенцијал.

Затварајте ја вратата. Ако поминувате многу време во одредени простории, можете да ја задржите топлината со затворање на вратата од просторијата и со тоа да создадете мала сауна. Подготви: М.А.