Европскиот универзитет преку „Еразмус+“ има остварено над 50 меѓународни студентски размени

„Еразмус+“ е двигател на модернизацијата на високото образование во Европа, која преку академската мобилност им овозможува на студентите размена на образовно искуство во поинаква академска, културна и општествена средина. Европската комисија во 1987 година ја лансираше оваа програмата и оттогаш повеќе од 4 милиони студенти, наставен и административен кадар, учествувале во Еразмус+ размената

108

Европски универзитет повеќе од 10 години е носител на универзитетската повелба и се вклучува во имплементирање на проектите од програмата “Еразмус+” се со цел придонес за развој на Европа како напредно општество базирано на знаење и одржлив развој. Канцеларијата на „Еразмус“ во рамките на Европскиот универзитет има динамична улога во обезбедување на институционална поддршка во рамките на меѓународната мобилност, воедно ја поттикнува, информира и ја поддржува академската и студентската заедница. Одделението остварува интензивна соработка со меѓународни организации и високообразовни институции и е во постојана потрага за креирање нови партнерства и можности за соработка.
Преку Еразмус програмата, Европскиот универзитет има остварено над 50 меѓународни студентски размени низ универзитети од програмски и партнерски земји, многубројни стручно професорски размени, а секоја година се зголемува бројот за студенти и професори кои добиваат можност да аплицираат и да бидат дел од Еразмус програмата. Освен активната имплементација на проекти од клучната акција 1, Европски универзитет може да се пофали и со вклученост во проекти од клучна акција 2 кои се однесуваат на соработка за иновација и размена на добри практики.
Од 2017 година Европскиот универзитет е и координатор на проект во насока на градење на капацитети во високото образование на тема “онлине мастер програма за циркуларна економија”. На 9 јануари 2020 година Европски универзитет ќе биде домаќин на завршниот настан на кој проектниот тим од ЕУ и партнерите од Латвија, Словенија и Хрватска ќе ги презентираат резултатите од спроведените проектни активности.
Во рамки на програмата ЕРАЗМУС+, Европски универзитет секоја година распишува конкурс за доделување стипендии. Конкурсот за 2019/2020 година ќе биде објавен на 10 октомври. Повеќе информации за процесот на аплицирање, селекција и реализирање на мобилноста може да добиете од универзитетскиот „Еразмус“ координатор м-р Верица Најдовска, на веб-страницата на националната агенција и европската комисија како и преку информативни денови и состаноци со претставници од Националната агенција за Европски образовни програми и мобилност.
Европски универзитет ќе продолжи да ги развива меѓународните односи во рамките на академската и бизнис-заедницата преку институционални билатерални и мултилатерални договори, институционални посети, како и активно учество на тркалезни маси, семинари, работилници и проекти. На тој начин нашиот универзитет овозможува европско образование, напредок и развој не само на своите студенти туку и на својот наставен и административен кадар.