Европскиот парламент го изгласа буџетот за 2022 година

23

Европскиот парламент денеска го изгласа буџетот за 2022 година и потврди дека негови приоритети се надминување на климатската и здравствената криза и мерки за младите.

На пленарната седница европратениците со 550 гласови „за“, 77 „против“ и 62 „воздржани“ го усвоија општиот буџет на Европска Унија за 2022 година.

– Презедовме неколку обврски за приспособување на буџетот за поддршка на економијата и регионите и граѓаните. Целта беше јасна, потребен ни е силен буџет за закрепнување за првата година кога ќе имаме дополнителни средства од програмата за реконструкција, истакна известувачот на ЕП, Карло Реслер (ХДЗ, ЕПП).

За здравствените програми, истражувањата, борбата против климатските промени, малите и средни претпријатија и младите, европратениците успеаја да обезбедат 479,1 милиони евра повеќе како поддршка од предлогот на ЕК. Договорени се обврски од 169,5 милијарди евра и исплати од 170,6 милијарди евра.

Споредено со предлогот на ЕК од јули буџетот е зголемен за 480 милиони евра.