Европска ноќ на литературата во македонскиот Културно-информативен центар во Софија

63
Деветтото издание на Европската Ноќ на Литературата во Софија ќе се одржи на 7 октомври. На настанот, кој ќе трае од 18 до 21:30 часот, македонскиот Културно-информативен центар во Софија ќе ја претстави книгата „Излегов“ на О. Пимен, која годинава беше преведена на бугарски јазик.
Посетителите на настанот кој се организира од различните културни институти и амбасади на различни локации од центарот на Софија, ќе имаат можност да циркулираат меѓу тие читателски гнезда, каде на секои 30 минути ќе се повторува читањето на делот од избраната книга.
Посетителите кои ќе го изберат читателското гнездо на КИЦ во Софија (MOVE.bg, ул. „Сердика“ 20, сп. 1, „Црвена сала“) ќе се запознаат со литературното дело на О. Пимен.
Делови од книгата ќе читаат актерите Ѓорги Георгиев – Антика и Игор Дамјанов, а на присутните ќе им се обрати и авторот на книгата.