Евровизиската ѕвезда Дамиано сега и како скриен “транссексуалец“?!

53

На овогодишната евровизиска ѕвезда Дамиано, по сè изгледа не му е доста со безобразни, дури и невкусни провокации. Најновата му е таа со која носи женска мрежеста долна облека и високи потпетици. Многумина велат, врв на глупоста! Или тоа се сепак, неговите скриени транссексуални желби?                                            Веќе видено кај многу пејачи, од Кончита која победи исто така на “Евровизија“, но и уште порано кога во Југославија, Оливер Мандиќ се појави облечен како дама во ТВ-шоуто “Белград ноќе“.                                                                                                На Дамиано, сепак, машката гордост му е покриена со мини гаќички. Под црно-белата фотка стои натпис дека “сака да биде секси играчка“. Ма, бог да чува, на неговите лудории им нема крај. А, каде му е некоја нова песна, некој нов хит? Е па, нема! Има ова. Голотијата! (Д.М.)