Еве што прави Ана Ивановиќ во петтиот месец од бременоста (Фото)

8

Поранешниот светски женски тениски рект број еден Србинката Ана Ивановиќ е во петтиот месец од бременоста, но се уште не вовела ригорозни мерки во своето секојдневие.

Доказ за тоа е најновата фотографија која ја објави на својот профил на социјалната мрежа Инстаграм.

На неа таа прави вежби за одржување со подлактицата која е наменета за зајакнување на стомачните мускули, што зачуди многу нејзини следбенеици.

Сепак оваа фотографија и донесе 40.000 лајкови за само пет часа.

Од своја страна, Ана и Бастијан се уште не ги потврдиле написите за бременоста, а светските медиуми пишуваат дека ќе добијат син, додека на најновите фотографии стомакот на Ана на големо се наѕира.