Еве како ќе изгледа новиот Дино Парк во Скопје – ЗОО

326

Дино паркот во рамките на скопската Зоолошка градина е при карај.

– Очекуваме наскоро да пристигнат и 41 диносаурус во природна големина, фигури кои ќе бидат поставени на површина од 2.000 квадратни метри, а паркот благодарение на поддршката од Град Скопје ќе биде еден од најубавите во регионот, но и со најголем број на дино фигури – информираат од Золошката градина.

Благодарение на креативната уметничка Гордана Винчиќ која изработи прекрасен 3Д мурал, Зоолошка доби уште едно ново катче за фотографирање.

Во прилог- видео како ќе изгледа новиот Дино Парк кој веќе е во завршна фаза.

Дино Парк

Вчера на неколку места осамнаа текстови во кои се пласираа лажни вести за новиот Дино Парк. Беа злоупотребени фотографии од креативните дино фигури изработени од старо отпадно и рециклирано железо, кои уметникот Андреј Миновски ги изложи лани во Скопје ЗОО. Голема благодарност до него за овој еко проект кој заедно го промовиравме во градината. Во прилог- видео како ќе изгледа новиот Дино Парк кој веќе е во завршна фаза. Очекуваме наскоро да пристигнат и 41 диносаурус во природна големина, фигури кои ќе бидат поставени на површина од 2000 м2, а паркот благодарение на поддршката од Град Скопје ќе биде еден од најубавите во регионот, но и со најголем број на дино фигури. 🦖🦕🦕🦖

Posted by Skopje ZOO / Зоолошка градина Скопје on Недела, 12 јули 2020