Џенифер Анистон уште од моментот кога стекна светска слава со улогата на Рејчел во култната серија „Пријатели“, важи за една од – ако не и најубавите, тогаш најатрактивните актерки на светот.
Омилената „девојка од соседството“, прекар што Американците им го даваат само на најомилените познати личности, отсекогаш била совршено женствена фигура, а има уште нешто што за многумина е синоним за оваа ѕвезда – секогаш сјајна коса и беспрекорна фризура.
Некогаш, актерката признала дека косата ја мие секој ден, а понекогаш дури и два пати на ден, бидејќи, како што вели, сака секогаш да мириса убаво и „чисто“.
Бидејќи нејзината коса е нејзин заштитен знак, не е чудно што актерката неодамна ја лансираше својата линија на подготовки за нега, а сега на својот Инстаграм профил откри многу едноставен трик за совршена фризура.
За да изгледа косата што е можно поприродно и понежно, а откако ќе се фенирате (што Анистон редовно го прави), треба да ја спуштите главата практично меѓу нозете и енергично да ја протресувате, а истовремено да нанесете лак за коса.
Вклучете фен и насочете го кон вашата глава неколку секунди, без да престанете да ја движите силно лево-десно.
Зафрлете ја косата назад и тоа е тоа!
View this post on Instagram
Погледнете и сами како Џенифер го прави тоа… Одличен трик, нели?