Евакуиран аеродромот во Мастрихт поради дојава за поставена бомба

16

Холандските власти наредија евакуација на аеродромот во Мастрихт Ахен, откако пристигнала дојава за поставена бомба, објави денеска холандската новинска агенција АНП.

Медиумот се повикува на податоците на воената полиција, која патролира по границите и е одговорна за безбедноста на аеродромот.