Д-р Беќаровски: Со толку доктори во советничките листи, ќе може да се направи мини општинска поликлиника

254

Професорот и доктор на Клиниката за токсикологија, Нико Беќаровски со најновиот пост на неговиот Фејсбук-профил со предлог до сите негови колеги доктори кои се на советничките листи. – Во секој општински да направат мини општинска поликлиника, но и да воведат ден за бесплатни консултативни прегледи за граѓаните во Општината.

„Со толку многу мои колеги доктори во сите советнички листи, во секој општински совет ќе може да направите МИНИ ОПШТИНСКА ПОЛИКЛИНИКА.

Барем воведете и ден кога во општинските згради ќе има бесплатен консултативен преглед за граѓаните од Општината.
Да имаат некаков бенефит и тие, напиша д-р Беќаровски во најновиот пост на Фејсбук.