Д – витамин чувар на вашето здравје: Како да знаете дали му недостасува на вашиот организам

2318

Познато е дека витаминот Д (витаминот кој доаѓа од сонцето) многу тешко се внесува во организмот во доволни количества преку храната, па затоа постојано мора да водите сметка дали го имате доволно во вашиот организам.

Во храната витаминот Д се наоѓа во путерот, млекото, морската риба, како што се лососот, туната, сардината, харингата и во рибиното масло, исто така го има во лушпата од какао, џигерите, жолчката…

Еве неколку знаци кои покажуваат дека ви недостасува витамин Д:

Слабост во мускулите

Ако чувствувате слабост во мускулите, а не вежбате или не сте претерано активни, на мускулите и ткивото им недостасува витаминот Д.

Раните зараснуваат бавно

За заздравување на раните, потребни ни се бројни хранливи материи, а една од нив е витаминот Д, кој е особено потребен во поголеми количини кога станува збор за посекотини. Кожата има потреба од повеќе витамин Д бидејќи тој помага да се заштити од инфекција и започнува процес на регенерација.

Тага

Според едно научно истражување, луѓето со ниско ниво на витамин Д во организмот почесто патат од депресија.

Поспаност

Една студија од 2012 година конечно покажа дека витаминот Д влијае на сонот, односно колку и да спиете имате чувство на малаксаност.

Мрзеливост

Ако често се мрзеливи, знајте дека витаминот Д влијае на нивото на сератонин во вашиот мозок, со што се менуварасположението.

Кршливост на коските

Витаминот Д го поттикнува растот на коските, па ако имате недостаток во организмот, вашите коски значително ќе ослабат, со што се зголемува ризикот од кршливост.

Зголемено опаѓање на косата

Недостаток на витамин Д е поврзан со состојба наречена алопеција. Витаминот Д ги стимулира новите и старите фоликули на косата, така што ограничените количини на витамин Д можат да го спречат растот на новата коса.